За ЦЕИПА

 

Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА) претставува невладина и непрофитна стручна организација чија основна цел е истражување и промоција на македонското етнолошко културно наследство. ЦЕИПА исто така, за цел има да врши едукација на младите во Македонија за препознавање и за негување на традиционалните културни вредности на Македонија. Оваа организација е формирана во 2016 година како резултат на иницијативата на неколку млади етнолози и антрополози кои беа вклучени во едукативни работилници во македонските училишта и македонските градинки преку кои ги запознаваа младите за тоа што значи традицијата и како истата треба да се негува. Во моментов, нашето членство брои 11 стручни лица од областа на етнологијата и антропологијата. Претседател на ЦЕИПА е Доц. д-р Виктор Трајановски. Во моментов седиштето на ЦЕИПА е на Институтот за етнологија и антропологија на Природно - математичкиот факултет во Скопје, на ул. Архимедова 3. Тел. 02 3216630 или 02 3249760.Основната цел на ЦЕИПА, како специјализирана невладина организација за заштита и промоција на етнолошкото културно наследство во Македонија е истражување на аспектите на културата и општеството во Македонија и на Балканот; професионално насочување на младите етнолози и антрополози во истражувачката и апликативната работа во етнологијата и антропологија; подигнување на свеста на јавноста за значењето на етнолошкото културно наследство; соработка со други организации иинституции од областа на етнологијата и антропологијата. 

Цели:

  • истражување на аспектите на културата и на општеството во Р. Македонија и на Балканот;
  • професионално насочување на младите етнолози и антрополози во истражувачка и апликативна работа во полињата на етнологијата и на антропологијата;
  • подигнување на свеста на јавностаа за значењето на етнолошкото културно наследство;
  • соработка со други организации и институции од областа на етнологијата и антрополгијата.

 

 

Контакт

Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија - ЦЕИПА